Промоција на збирката кратки раскази од Игор Лозаноски
„Сончогледите гледаат на запад“ е збирка кратки раскази која плени со својата оригиналност, со нарација која одлично го отсликува тоа залидано време, со една чудна, би рекол сива глорофикација на секојдневието, збирка која ја доживуваме како нем крик на оној, невидливиот, стопениот во масата на луѓе кои брзаат некаде. Конечно, кратка проза во чии редови се насетува и еден остар ригидитет и предизвик да го чуеме ритамот на она што ни го наметнуваат сенките на урбаниот легенди.
Сашо Огненовски
Александар прокопиев
Игор Лозаноски (1990, Скопје) дипломирал на Економскиот факултет на катедрата за Менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со поезија и проза аматерски почнал да се занимава од десет години, за веќе на тринаесет години да знае дека е на вистинскиот пат и дека тоа е неговиот сон. Творечките почетоци се во 2006 година, кога негови песни се објавени во средношколскиот училиштен весник „Орце Инфо“. Досега ги има објавено збирките поезија „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (2018), „Плодови на минатото“ (2020), а добитник е на наградата „Новите!“, за 2020 година за збирката раскази „Исповед на еден телевизор“.
- Настанот е организира со строго почитување на актуелните ковид-протоколи