SLAVKO KRUNIC & DEEP STEADY

Отворање на изложбата „Несоница за двајца“ на Славко Круниќ

Дека неговата природа е номадска, на Славко Круниќ му било јасно уште додека бил дете. За жал, поради различни надворешни околности не успевал да воспостави рамнотежа помеѓу скитничките апетити и можноста за патување. Меѓутоа, проблемот го решил брзо. Море, за час! Додека плеснал со дланките! Ја земал четката, го затегнал платното и почнал да ги слика пределите и луѓето што ги сретнувал на своите патувања. Се разбира, не сите патувања биле баш потполно реални. Се вмешале тука и соништата. Со некои сопатници едноставно не можел да престане да се дружи и да се сретнува во најнеобични прилики. Се испоставило дека сликарските скитања на Круниќ не подразбирале само географски поместувања, туку и движење низ времето: во рикверц и напред. И во моментот кога сфатил дека природата на бајката суштниски е номадска, баш како што е и неговата лична (затоа што лесно го премостува и просторот и времето, а посебно општествените класи), забележал уште нешто што посебно му го привлекло вниманието. За време на неговите изложби, некои луѓе се задржувале пред сликите мрморејќи си себе во брадата. Кога ги прашал дали можеби си зборуваат со замислени пријатели, сите одговориле одречно. Напротив! Тврделе дека ја слушаат приказната што им ја раскажуваат сликите. Славко Круниќ ги замолил и нему да му ја откријат содржината на тие приказни и да се запознаат.


Кога се родил 1974 година, Славко Круниќ, идниот сликар, го здогледал градот Белград. Во судбоносниот час запишал сликарство, кое потоа го изучува во класата на професорот Радомир Рељиќ на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Магистрира во класата на професорката Анѓелка Бојовиќ. Од 2000 година е член на УЛУС (Удружење ликовних уметника Србије), а од 2011 и на УЛУПУДС (Удружење ликовних уметника примењених уметноста и дизајнера Србије). Изложувал на 35 самостојни и групни изложби во својата земја и во странство. Неговите илустрации, исто така го најдоа својот пат до бројни книги и списанија. Плаштот на долго сонуваниот сон на Славко Круниќ претставува почетокот на соработката со Политикин Забавник. Како најголемо признание ги доживува илустрациите за омотите на објавените албуми на своите бендови.
Живее и работи на релација Нови Сад – Белград.


DEEP STEADY

Deep Steady е состав од Нови Сад, Србија и со својата музика ја спојува традицијата на јамајканската музика со американски џез-форми. Во основа нивните композиции се ска, реге и калипсо-ритми, проткаени со џез-хармонии и импровизации.

Членовите на Deep Steady се познати на српската музичка сцена од порано и дел од нив имаат членувано во состави како: Lost Propelleros, Ringišpil, Rab L Khali, Proleće, Killo Killo Banda, Drum ‘n Zez, Vojvođanski Bluz Bend.

Музичкото списание Hardwired во својата рецензија за првиот албум на Deep Steady го опиша албумот како „одважен музички, инструментален и креативен зафат“.

Deep Steady за прв пат во Скопје, во рамки на изложбата на српскиот ликовен уметник Славко Круниќ, на 14 мај, на плато МКЦ со бесплатен концерт веднаш по отворањето на изложбата.

Галерија МКЦ, Плато МКЦ