Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ ќе се одржи од 29 август до 1 септември годинава, на две локации: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство, ќе настапат и неколку музичари, ќе се одржи и работилница за креативно пишување поезија за млади, ќе биде отворена и ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови специјално изработени за фестивалот.
Понеделник, 29 август | кафе-книжарница „Буква“ | 20:00
- „Отскочна даска“ – преднастан за млади поети од 16 до 25-годишна возраст.
- „Сум страдал, ама убаво ми било“ ‒ изложба на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија).
Вторник, 30 август | Младински културен центар | 20:00
- „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ ‒ тематско поетско читање на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе настапат: Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и избраниот/избраната на „Отскочна даска“.
Среда, 31 август | Младински културен центар | 19:00
- Интернационална поетска вечер
Ќе настапат: Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта ќе заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
Четврток, 1 септември | кафе-книжарница „Буква“ | 18:00
- „Урбана поезија“ ‒ работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата.
21 ч.: „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.