Skopje Vinyl Convention 2022

Скопје Винил Конвенција е настан посветен на пасијата наречена винил. Работилници, перформанси, изложување и размена на плочи, дружби и искуства и многу музика. Сето тоа во насока на промовирање и унапредување на винил-културата и музиката воопшто.


Оваа година по шести пат се случува Skopje Vinyl Convention, а како и секоја година бројот на изведувачи и продавници за винили расте.

Главни ‘ѕвезди’ ќе бидат:

  • магионичарот на 45-ки Fonki Cheff од Шпанија
  • Robert Smith (Германија), човекот со 4 раце и
  • Naughty NMX (Германија), дечкото што од класика прави денс

Исто толку важни се и локалните суперхерои што оваа година ги има повеќе од 30, секој со различен стил, вкус и начин на пуштање плочи. Тоа што може да ви гарантираме за нашите артисти е дека нема да ви биде досадно ни минута на подиумот.

А доколку сте љубители на плочи што сакате да ги слушате интимно, тука се и нашите локални, а годинава и регионални плочари, кои ќе ви понудат разновиден спектар на плочи што задоволуваат и најспецифичен вкус.
Воедно ќе имате и шанса да го купите лимитираното реиздание на Vinyl Box Set-от САФ – САФИЗАМ.

Плато МКЦ