Skopje Vinyl Convention 2021

Оваа година по петти пат, на истото место ќе се одржи настанот што е инспириран и посветен на сите колекционери и љубители на винили.

Настанот има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната во оваа пандемично кризна година. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил-изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.


  • Настанот е организиран со строго почитување на актуелните ковид-протоколи

Плато МКЦ