Sure Shotz ви го најавува големото финале на нивната летна SHAKE-турнеја:
За првиот SHAKE-настан во главниот град по скоро 2 години, составивме фестивалска програма од диџеј-сетови и гостински настапи во живо со цел презентирање на најсвежиот звук во моментов и истовремено давајќи фокус и поддршка на локалните македонски артисти во моменти кога таа е најпотребна.
Со настап во живо ќе се претстават нашите пријатели: Bon Praskiza, Sexy Marsa, Zee Bomb, Matej Foltz, Donplaya, Young Dadi и Rager, а покрај домаќините Shorty P, Irie Scratch и Nasty, за музиката се задолжени и OG и 5R.
Вратите се отвораат во 20 часот, а настапите почнуваат во 21 часот, а настанот завршува во 1 часот по полноќ. Дојдете на време бидејќи имаме целосно исполнета програма!
- Настанот ќе се организира согласно актуелните ковид-протоколи, вклучувајќи ги и мерките за потврда за имунизација