Октомври е месец за Skopje Drum Fest!
Оваа година повторно во кино Фросина, во интимна атмосфера ќе го проследиме второто издание на првиот drum фестивал до државата.
Програма:
Перформанси:
Мартина Баракоска е музичарка, тапанарка, родена во Скопје 1998 и има 23 години. Во нејзината релативно кратка кариера има неколку значајни достигнувања.Беше дел е од групата Дупер во периодот од 2017 до 2019 година. Беше дел од прокетот CON-FRONT со кој реализираа и турнеја низ неколку европски држави и на Балканот. Има настапувано со бендовите на Љубојна, Владимир Четкар, Сашко Костов, Ris Flower, Драги Иванов, Тони Китановски каде што се изведува нивна авторска музика. Мартина беше дел и од составот Labavo&Funky како музички директор, одговорна за аранжманот на музиката.
Дамјан Даневски, роден во Скопје во 1991 година, е магистриран џез тапанар, композитор и бенд лидер.
Во текот на четиригодишното високо образование, Дамјан е активен како композитор и тапанар во повеќеавторски проекти, меѓу кои Wave Quartet и D Project кој е серија од аудио-визуелни соработки со повеќе музичари и артисти во кои се изведуваат оригинални композиции и концепти на Дамјан Даневски, аранжирани и дополнително развиени во текот на колаборативната работа. Дополнително, имал и можност да настапува со бројни групи и изведувачи од македонската музичка сцена меѓу кои Conquering Lion, „Нокаут“, Тони Зен – Флека, Тони Китановски, Оливер Јосифовски, Сашко Костов, Васил Хаџиманов, „Примордијална Манџа“ и многу други.

Младен Драговиќ е роден на 14.07.1986 година. во Сараево. Како перкусионист, тој бил член неколку пати на меѓународниот оркестар YMISO, член на славниот перкусионистички ансамбл „Станковиќ“, освојувач на неколку први места илауреати на државни натпревари. Професионално се занимава со музика од 16-годишна возраст, а оттогаш настапува со бројни локални изведувачи, бендови и композитори, меѓу кои се: Корнелије Ковач, Марија Шерифовиќ, Дадо Топиќ, Јелена Томашевиќ, Бенд Ана Стајдохар, Лена Ковачевиќ, Слободан Тркуjа, Александра Радовиќ, Генерација 5, Тијана Дапчевиќ, Џорџе Давид, а исто така е постојан член на шоуто “Вечер со Иван Ивановиќ” од 2012 година, каде што имаше можност да настаписо Јан Гилан и Дон Ајри.
Несим Маџуни, роден на 14 јануари 1983 година во градот Вуштри во Косово, е професионален перкусионист од Приштина. Неговото огромно искуство и стил на свирење го воспостави како еден од најиновативните тапанари од Балканот, особено во жанрови како џез, хип-хоп и нео соул.Академската музичка позадина на Несим се состои од неговите професионални студии на Музичката академија во Скопје како перкусионист и неговото активно учество на бројни семинари за тапани и работилници на престижни академии ширум светот, вклучувајќи ја и Роки Академијата Фонтис во Тилбург, Холандија. Издаде три оригинални џез и нео-соул албуми под негово име насловени „Трени”, „Синдром“ и “Homecoming”, како и успешните сесии со музичари од светска класа, вклучувајќи ги Edie Marshall, Tom Kenedy, Bob Albanese, John Wolf Brennan, Peter Gossweiler, Junior Tshaka, Eric Wells, Robert Jukic, Armend Xhaferi, Ilir Bajri, Sarp Maden, Cagri Sertel, Jure Pikl, Marko Crncec, Kiril Tufekcievski и др.
Сашо Стојановски е дипломиран џез тапанар кој е активен повеќе од 20 години на македонската музичка сцена. Има настапувано со голем број на домашни и странски артисти, во земјава ѝ надвор од неа. Тој е еден од ретките кај нас кој се занимава со изработка и репарирање на тапани. Го создаде првиот хибриден сет на тапани во нашата држава под брендот SS Drums. Како инструменталист има остварено повеќе музички соработки и изданија со домашни артисти од поп, рок и џез сцената.Како најзначајно издание за него е и неговиот прв авторски албум “SS Project” во којсе јавува како автор и аранжер, насловен како “Different”.
Работилници:
Виктор Филиповски – “Звук, Пристап/Концепт и своја перспектива”
– Експериментирање со звуци, штимови и додатни перкусивни инструменти заедно со тапаните;
– Пристапување кон различни стилови на музика, различни формации на бендови и ситуации, притоа сѐ уште задржувајќи го својот звук, фразирање итн.;
– Како да ја развиеш својата перспектива кон инструментот, пронаоѓање на почетна точка и креативно размислување;

Иво Митковски – “Електрични и хибрид перкусии”
– Краток вовед и историја на електрични тапани;
– Запознавање и поврзување на хардверски софтверски компоненти (модули, семплери, падови, тригери, контролери и MIDI конекции со DAW);
– Хибридни и концепти за адаптирање/пренаменување на акустични во електрични тапани;
– Примена: електрични тапани од инструмент за дома, студио, бина до алатка за бесконечна музичка инспирација;

Милош Краљевски – “Да се штима или не?”
– Основи на штимање тапани;
– Штимање на тапани во студио/во живо;
– Штимање на тапани во тоналитет;
– Анализирање на песни;
– Основи на штимање тапани;
– Штимање на тапани во студио/во живо;
– Штимање на тапани во тоналитет;
– Анализирање на песни;
Марко Ковачевиќ – “Интуитивно свирење на тапани”
– Вежбање на слух vs. вежбање рудименти;
– Музички влијанија и лични искуства;
– Вежбање на слух vs. вежбање рудименти;
– Музички влијанија и лични искуства;
*Пријавување за работилниците на skopjedrumtalks@gmail.com
- Настанот ќе биде организиран со строго почитување на актуелните ковид-протоколи