Šiška via MKC: Svetlost + Odron Ritual Orchestra

Почнуваме со online музичка програма – Šiška via MKC во соработка со другарите од Љубљана! Истата ќе можете да ja проследите наредниов период кај нас и Kino Šiška на facebook/youtube/zoom.

Tune in: 21 мај (четврток)
20:00 – Светлост + Odron Ritual Orchestra
21:00 – Охоло!

Светлост e музички колектив основан во 2014 година. Светлост е флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Во оваа инкарнација наречена Svetlost + Odron Ritual Orchestra членуваат најзначајните џез музичари од повеќе генерации, кои зад себе имаат преку 30 албуми и 1000 концертни настапи со групи како Sethstat, Палиндром, The Local Blue, Fighting Windmills, SD4, Shock Troopers, Aeon Arcanum, ГЛАСНОМ, Yordan Kostov Ensemble Modern, Avadarxi Quartet, La Colonie Volvox итн., кои во рамките на композициите на Новковски/Омерагиќ/Спировски наоѓаат плодно тло за звучна интеракција, која ги замаглува границите на формалното и слободното.

Во септември 2019, во соработка со издавачот PMG Jazz, го издадаваат своето деби LP „Odron Ritual Orchestra“ кој се најде на неколку релевантни листи за најдобри џез албуми за 2019.

Нинослав Спировски (кларинет / сопран саксофон / тенор саксофон)
Петар Христов (сопран саксофон)
Иван Трајаноски (алт саксофон / баритон саксофон)
Васко Бојаџиски (тенор саксофон)
Бисера Базер (тромбон)
Константин Хаџи Коцев (пијано)
Панче Бујуклиев (arturia microbrute)
Кристијан Новковски (тапани / удиралки)
Драган Теодосиев (тапани / удиралки)
Дени Омерагиќ (контрабас)

štream x Jazz Cerkno: OHOLO!

Охоло! е голем бенд, колектив, септет што се создава на пресекот на импровизирана и компонирана музика.
Тоа е џез со извичник, како што напиша Марио Бателиќ во своите забелешки за бендот: – Има нешто необично и малку вознемирувачко во врска со името на овој бенд (што грубо се преведува како „гордо“, „арогантно“, можеби дури и „фамозно“), запечатен како што е со извичник што го бара вашето неразделно внимание. Тоа укажува на неконвенционалното и дрско. Тоа е име што, да бидеме искрени, нè тера да размислуваме повеќе за незгоден панк бенд од група на некои од најистакнатите претставници во земјата на џезот, импровизацијата и експерименталната музика.

FB event

МКЦ