SINKS + FOTBAL

Два млади, потентни бенда доаѓаат од Чешка на 3.5.2023 во Бифе МКЦ во рамки на нивната балканска турнеја.

SINKS

Триото од Брно од Чешка ќе се претстават со нивниот минималистичко-динамичен микс на noise-rock и post-punk. Нивните настапи во живо се енергични и експлозивни, исполнети со стегнати ритмови, екпресивни вокали и моменти на спонтан хаотичен гитарски noise.


FOTBAL

Квартетот FOTBAL свират енергичен indie- postpunk директно до срце. Репетитивен звучен пејсаж искомбиниран со обликуван noise ќе ве занесат во некои други сфери каде бендот е вашиот trip-sitter, а вашата карпа ќе се вплисне во нивните бранови. Нивниот нов, втор албум ќе биде објавен наскоро.

Концертот е помогнат од Liveurope.

LIVEUROPE e првата Паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа која е кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

кафе МКЦ