Screensaver

  • фестивалски стрим во живо

Локомотива Скопје (МКД)

Кореограф: Aleksandar Georgiev

Времетраење: 50’

www.lokomotiva.org.mk

Изведувачи: Aleksandar Georgiev, Dario Barreto Damas, Zhana Penceva, Tereza Lazarev

Во разговор со: Dario Barreto Damas
Авторска музика:
Tsvetan Momchilov
Дизајн на музика:
Dragana Zarevska
Визуелен дизајн:
Gjorgji Despodov
Куратор:
Biljana Tanurovska – Kjulavkovski
Продуцент:
Violeta Kachakova
Координатор:
Zorica Zafirovska
Со поддршка на:
STEAM ROOM, ICC – Imaginative Choreographic Center, Garage Collective (BG), Beatrix Crew Dance Studio, National Cultural Fund (BG), Municipality Burgas (BG), Konstnärsnämnden (SWE), cie. THOR (BE), ccap and c.off (SWE)


„SCREENSAVER“ се појавува како танцова пракса, но всушност е ТВ поп-шоу или само апсурдно видеорекламирање на танцовата архива од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архива што спекулативно отвора простор за други темпоралности, кои поинаку се занимавале со танцот, за да коегзистираат истовремено во денешната перцепција на танцот и кореографијата. Простор во кој конечно може да се доживее танцот што се играл илјада пати, или сеќавањето на некој танц што е виден многу пати и сите го носиме во себе; простор за танцување во идната носталгија, простор за танцување од задоволство, и кинетичко уживање. Пристапот отвора простор за задоволство од танцовото искуство и кореографија како кинематографска меморија на нашите тела.
Перформансот „SCREENSAVER“ е развиен во рамки на програмата „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Интернационална танчерска екипа, епизодично структурирана кореографска серија, дел од истражувањето „КО-серии“, која по уметничкиот престој во Брисел, Стокхолм и Скопје, започнува со премиера на 45. МОТ.

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.
0,-
online

МКЦ, Скопје