Расел Кејн, покрај тоа што е еден од најдотераните британски комичари со секогаш совршено наместена фризура, тој е и добитник на повеќе награди за комедија, водител, актер, автор и сценарист. Со распродадени шоуа низ целиот свет, овој несомнено мултиталентиран комичар реши да дојде и кај нас, за да ни приреди една незаборавна вечер исполнета со комедија по принципот: Вистината боли… Но, затоа е смешна!
Како што би рекле The Times, еден од најбрзите, најстимулирачките стендап-комичари, The Guardian велат дека е на врвот на својата игра, The Telegraph го нарекуваат уникатен, а за The Independent е возбудлив комичар.
Но, ние не сакаме некој друг да одлучува за Вас, сакаме да дојдете и да видите дали овие кратки рецензии се доследни или пак имате нешто да додадете.
- Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан.