Rush To Relax

Rush to Relax повторно се враќа во Македонија!

Овој пат во раширена четворочлена гитарска постава –на Дамјан (вокал, гитара) сега му се придружуваат Јан Цизеј на бас-гитара, Ерик Керпан на гитара, и Васја Онич на тапани, тројца музички фанатици од љубљанската инди-сцена. Енергичните соло-настапи (како оној во МКЦ во 2019, кога Rush to Relax го промовираше истоимениот дебитантски албум) се сега надградени во целосен бендовски израз, па не пропуштајте ја искрената и сурова емоција, која е во сржта на Rush to Relax. Бендот ќе го заврши летото 2021 со кратка балканска турнеја од Пелистер до Триглав во чии рамки ќе настапат и во МКЦ. Во живо очекувајте и неколку нови песни што ќе се најдат на следниот албум, кој ќе излезе во текот на следната година.


  • Концертот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање на настани во отворен простор.

Влезот е слободен

плато МКЦ