Revival Festival

30 години македонска независна музика

Event Logistics во соработка со Terrorvoid Promotions со посебна гордост ви го најавуваат REVIVAL FESTIVAL, кој ќе се одржи на 3.9.2021 година во МКЦ паркот.
На фестивалот ќе имаме можност да ги слушнеме следниве изведувачи:

  • HARDFACED
  • DEMENCY
  • SHOCK TROOPERS
  • TRENDKILL
  • AMBROZ
  • TRANSHUNTER

Настанот ќе почне во 17 часот со изложба на билети и плакати од свирки и концерти во периодот од ’91 до денес.
За време на целиот настан акцентот ќе биде ставен исклучиво на македонски бендови.


  • Настанот ќе биде реализиран согласно сите актуелни протоколи за одржување настани, вклучувајќи ги и мерките за потврда за имунизација.

парк МКЦ