Работилница за уметност/градинарство во ГРАДИДНИНА

Оваа сабота, 1.7.2023, ве покануваме на работилница за уметност и градинарство во Градиднина, МКЦ, за деца.

Во работилницата ќе има две активности, ќе сликаме и цртаме на церада од 4 метри, на оградата на градината, а ќе засадиме и зеленчук во градината. Ќе садиме садници од пченка, брокула и карфиол. 

Работилницата се обидува да додаде убавина во градината со цртање на децата и да им даде можност на децата да садат и наводнуваат.

Активностите започнуваат од 18.00 до 19.30 часот.
Децата од 3 до 12 години се добредојдени да учествуваат.

Работилницата е бесплатна. 

Сликарство и цртање со Доротеј Нешовски.
Градинарство и садење со Хајан Алхалаби.