- сцена: МНТ, мала сцена
Театар Вондерленд, МНТ (МКД)
Режија: Nela Vitoshevic
Времетраење: 100’
Јазик: македонски
Улоги: Dragana Kostadinovska, Ivana Pavlakovic, Sara Klimoska, Nikola Nastoski, Ismet Shabanovic
Драматург: Viktorija Rangelova-Petrovska
Сценограф: Vasil Hristov
Костимограф: Roza Trajcevska-Ristovska
Композитор: Krste Rodzeski
Дизајн на постер: Borche Dimitrioski
Фотограф: Kire Galevski

„Работи за кои не зборуваме“ е театарска претстава, која преку интимни и емотивни приказни, сака да им даде глас на општествените проблемите за кои не се зборува. Преку низата вистинити приказни, во кои секој може лесно да се пронајде, претставата отвoра прашања за патријархалното уредување во регионот, но и пошироко. Низ повеќе сцени инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал, претстава ги става акцент на проблемите поврзани со депресијата, траумите од детство, дискриминацијата, злоставувањето и насилството, религијата, агресијата и нетолеранцијата како и разни психолошки проблеми и однесувања со кои поединецот секојдневно се соочува. На трагикомичен начин претставата прави критика на балканското патријархално милје, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството.
Претставата е инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал