„Purgatory“ – Изложба на Бурџу Мусли

Бурџу Мусли родена на 27.8.1997 е визуелен уметник од Скопје и апсолвент на Факултетот за ликовни уметности (сликарски оддел).
Има учествувано на неколку групни изложби со нејзините слики, на една меѓународна изложба за млади уметници – Art 52nd Street (New York – 2019 ) со арт-колаж, и една самостојна изложба, исто така со арт-колажи.

На оваа нејзина самостојна изложба повторно ќе се престави со надреалистички арт-колажи, кои за прв пат ќе бидат изложени. Таа, кога станува збор за визуална претстава секогаш е по „алтернативното“ , маргиналното, бидејки смета дека тоа ѝ дава побогат животен стил. Нејзините сетила за визуелност секогаш се отворени за невообичаеното. Со самото име на изложбата, таа има уникатна дефиниција за што точно се обидува да пренесе од нејзиниот внатрешен свет преку ова име. Токму и тоа ѝ е целта, да постигне што е можно повеќе да ги ослободи нејзините гости од сивилото на зафатениот и преокупиран живот. По оваа изложба да се „исчистат“ сите негативни размислувања и притисоци од различни аспекти на животот, да се почувствува слободата и повторно раѓање на една мотивација за понатаму.
Повелете во чистилиштето на Бурџу Мусли за отстранување на секојдневниот стрес и негативна енергија со интересни дела, алтернативна музика и коктел.

FB event

Галерија 2