ПРВО ПА ЖЕНСКО 9

Со огромно задоволство и радост ви го најавуваме деветтото издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женско #9. Годинава фестивалот ќе се одржи од 10 до 16 јуни, со тоа што годинава, во рамките на младинската програма, се одржуваат делови од програмата што се отворени само за одбраните учеснички, кои се пријавиле. Прво па женско е фестивал за феминистичка култура и акција, чиј фокус е оградување и обезбедување простор и платформа за сите оние што активно се занимаваат со преиспитување и напуштање на доминантната и обременувачка патријархална култура. Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние што системски истуркани, а експлоатирани.

Годинава Прво па женско #9 отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.

Овогодишната програма на Прво па женско #9 ја проблематизира и ѝ доделува централност на идејата за пристапност до она што се смета за јавно и за она што се гледа како приватно; го анализира јавниот дискурс во однос на она што се перцепира како јавно и расположливо средство за користење; ги разгледува јавните простори како оски за потенцијални алтернативни здружувања. Во прашање се доведува и безбедноста на сите жени и небинарни родови малцинства, еднакво под закана во и вон системите кои би требало да би требало да пружат заштита и грижа. Програмата ќе се обиде да отвори и дискусии и погледи кон нови алтернативни начини на заедничарење и колективни пракси, кои свесно ќе оставаат простор за пробивање на потребите на заедницата, а ќе ги истиснуваат и ќе се борат против исклучувачките и насилничките политики на привилегираните.

Програма

10.6.2021 – четврток 

19:00  МКЦ, плато
ПичПрич слем:  Гинеколошки приказни

21:00  МКЦ, плато
Промоција на албум + разговор: Weird Fishes – Мартина Баракоска 

22:00  МКЦ, Плато
Концерт: YӦU


11.6.2021 –  петок 

19:00  МКЦ, галерија
Изложба:  Овцата, змијата, кучката и нивната свиња – Албена Баева

19:30  МКЦ, денсинг сала
Театарска претстава: Кожурец – Артопија
цена за билет: 300 денари

21.00 МКЦ, плато
Концерт:  Димитра

21.30 МКЦ, плато
Филмска проекција:  Заедно  (Сложни жени диско градат) – Феминистичка платформа Медуза & Центар за визуелна антропологија – Белград

22.00 МКЦ, плато
Диџеј сет:  NastasyaКish


12.6.2021 – сабота

13:00 МКЦ, џебно кино
Разговор: Албена Баева & Станимир Панајотов

14:00 МКЦ
Работилница за деца: Платнени торби наместо пластични ќесички – Доротеј Нешковски

20:00 МСУ – Скопје
Филмска програма: Ова не е сон за заеднички јазик, туку за моќна и неверна хетероглосија
    Камерадин, Доплгенгер, Србија / 2018 / 7’
    Причина за смрт, Џиоти Мистри, Јужна Африка, Австрија/ 2020 / 20’
    Растение (879 страници, 33 денови), Рут Хофлих, Австралија/ 2020 / 15’
    Филмски перформанс: Земја Женска, Кортни Стивенс, САД / 2017–21 / 62’



14.6.2021 – понеделник

19:00 ФДУ Летна сцена
Дискурзивна програма: Бескраен попис на екофеминистичка мисла и практика

21:30 ФДУ Летна сцена
Разговор:  Против логиката на немаштија: обратен штрајк, протестирање и операции на милитантно изобилство –  Валериа Грациано и Џулиа Паладини

16.6.2021 – среда

13:00 кафе книжарница Буква 
Промоција на книга: Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата – WoW Places

14:00 кафе книжарница Буква
Панел дискусија: Издание на изоставените

16:00 кафе книжарница Буква
Диџеј сет: Мариго

*Како дел од проширената младинската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #9 се одржаа и две работилници:

1. – 13.6  Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување, во соработка со феминистичката платформа Медуза

Феминистичка филмска критика – во соработка со колективот за филмска и театарска критика Гледај.мк

МКЦ