ПРОТОГЕН

Групна изложба на 4 млади скулптори

Во Горното фоаје на Младинскиот културен центар ќе биде отворена првата групна изложба во рамки на проектот „ПРОТОГЕН“, чиј идеен творец е академскиот скулптор Матеа Мијановиќ. Проектот во насловот ја одредува суштината на идејата, (Прото, на латински ‘прво’ и Генеза, скратено, на латински ‘раѓање’), т.е. е создавање на услови за развој и рачна изработка на дела, прототипи и пилот-линии од сферата на применетата уметност.

Проектот го дефинираат неколку јасни идеали. Иновативност, со овозможување продукција на професионално изработени дела од применета уметност, како и пристап до канали за продажба и можност за себефинансирање, и натамошна работа во полето. Воедно проектот понуди продукциско-едукативна насока, како и фокус кон создавање на мрежа за продукција и пласман на млади креативни професионалци и зголемување на можностите за видливост кај млади уметници.

Со таа цел на изложбата ќе бидат претставени селектирани дела на 4 млади македонски скулптори, како и неколку концептни решенија, кои треба да се реализираат следната година. Во склоп на изложбата, која ќе се одвива според протоколите за КОВИД-19, ќе бидат претставени младите уметници Митко Дамјановски, Благоја Гроздановски, Дамјан Ристевски и Матеа Мијановиќ. Изложбата ќе се одвива и онлајн, за што е подготвен каталог, во кој ќе бидат претставени и концептни решение за соработка меѓу други уметници и студиото на проектот „ПРОТОГЕН“.

Галерија 2