режија: Ивица димитријевиќ
времетраење: 60′
Игрив театар (Playable Theatre) во поширока смисла се објаснува како партиципативно, имерсивно театарско искуство, поточно настан во кој учеството на публиката има значајна улога во крајниот резултат од претставата. Овде се спојува аспектот на театарот и оној на игрите, на друштвените игри, со цел да се изведат нови форми на уметност и забава, каде што низ различни жанрови публиката има можност за активно учество.
Целта на игривиот театар е да им се овозможи на креаторите, уметниците и публиката значајно учество во заедничкото искуство на изведувањето.
„Процес” е игрива претстава во којa публиката ќе ја има главната улога и низ лавиринт од сцени и загатки (каде што учесниците треба да соработуваат меѓусебно) ќе доживее искуство што ќе им иницира одредени размисли и прашања. Овој проект е произлезен од Интернационалната лабораторија за игрив театар (International Playable Theatre Lab), одржана на платформите Zoom, Discord, Gather, Twine, и др. од 20.9 до 1.10.2021 година, а во копродукција на MI Film&Theatre, Скопје, UpStart Theatre од Лондон и Teatro al Cubo од Мексико.
Развој на идеја и реализација: Ивица Димитријевиќ, Јасмина Василева, Билјана Крајчевска
Драматург: Билјана Крајчевска
Автор на музика: Јане Трајковски
Дизајн: Кристина Божурска
Гласови: Ивица Димитријевиќ, Јасмина Василева
Користени текстови: А. Кертис, М. Аморос, М. Атвуд, Ф. Кафка, Збирка на судски одлуки 2001 – 2004 г. Врховен суд на Р. Македонија – 2006 г. ЗКП Службен весник на Р.М. бр. 150
Продукција: Ивица Димитријевиќ; MI Film&Theatre, Скопје, 2022
*Бројот на билети е строго ограничен