Изложба на повеќе ликовни уметници од различни генерации
Изложбата насловена „Присутност“ има за цел да го одбележи 26 јули, денот на катастрофалниот земјотрес во градот Скопје и почетокот на солидарноста за изградба на ново Скопје, преку преставување дела во (дигитална техника).
Основната нитка на избраните уметници е тоа што тие со своето творештво се вградиле во современата македонска уметност.
Учесници: Павле Кузмановски, Денис Тенев, Симонида Филипова Китановска, Ниче Василев, Касиопеја Наумовска, Доне Милјановски, Решат Амети, Емил Шулајковски, Милан Андов.

Изложбата трае 7 дена.