промоција на книга од филип грбиќ (Србија)
Промотор: Сашо Огненовски
Прелеста на некој начин е и заблуда, па така во својот роман Филип Грбиќ говори за глобалната заблуда на цивилизацијата како иницијација за внатрешната борба на човекот со „слатката смрт“ која го пружа последниот лет во амбисот. Патот кон себесознавањето е тежок и трнлив и човекот не успева да го изоди до крајот на својот живот, а сјајниот роман „Прелест“ не поведува низ оние патишта кои се сè подалечни од човековата интактност, но го имаат мирисот на надежта која, за жал, во овие неизвесни времиња многу цврсто заспала долу на дното од Пандорината кутија.
Максим Туманов е херојот на 21 век – тежнее кон смисла и убавина, но истовремено е уморен и резигниран, бидејќи е растргнат меѓу страста и разумот, спокојството и немирот. Барајќи ја смислата на животот се обидува да најде одговор на прашањето дали има излез или секој излез во животот е всушност нов влез.
„Кој мисли дека прозата не треба да биде мудар, но не бега од тешки мисли, може со страст да чита Прелест.“ – Александар Јерков
Романот е добитник на престижната награда на Српската академија на науките и уметнстите „Бранко Ќопиќ“.