Предраг Урошевиќ – Пепи

Треба волети уметност у себи, а не себе у уметности

„Главниот слоган на Пепи уште од средношколсите денови беше: ‘Треба волети уметност у себи, а не себе у уметности’. Веројатно, следејки ја таа идеја во понатамошниот живот и во неговото творење многу тешко се вклопуваше во секојдневното клише на животот. Беше автор што тешко, а веројатно и воопшто не се вклопувше во институционалните оквири на еден успешен уметник, кои беа наметнати во тоа време. Приказната за Пепи е приказна за уметник којшто тешко се препознава, а за кој уште потешко се признава неговата посебност. Беше автор свртен кон себе и кон малите минливи работи. Неговата приказна нема среќен крај, туку е приказна на талентиран уметник, кој не успеа да ги оствари сопствените творечки можности во полна мерка, затоа што беше заглавен во нашата провинциска кал.“

Роберт Урошевиќ


Предраг Урошевиќ – Пепи, академски сликар (1963 – 2007) Скопје, Македонија

  • Во 1987 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Сликарство со сценографија, во класата на професор Родољуб Анастасов.
  • Од 1987 година бил постојан член на ДЛУМ.
  • Реализирал 19 самостојни изложби во земјата и во странство.
  • Учествувал на повеќе групни изложби, како и во работа на неколку ликовни колонии: Интернационална колонија Смољан – Бугарија 1993; Лесново 1995; Чеплес 1996; Кичево 1999; Охрид 2001; Јоаким Осоговски-мал формат 2002.
  • Во текот на 1991/92 има изведено интервенции во простор, во Кул-парк, пред Културно-информативниот центар во Скопје.
  • Во 1993 годона, по повод 30 години од земјотресот во Скопје, на перонскиот ѕид на старата железничка станица во Скопје, изработил мурал заедно со Тања Балаќ и Мирослав Масин.
  • Значајни циклуси од неговото творештво се: Линија и простор, In-Out, Геопоетика, Цртање на животот, Енергија во молив.
  • Во областа на графичкиот дизајн има изготвено 13 книги (од издавачката продукција на куќите „Комунист“ и „Млад борец“) како и 13 каталози за ликовни изложби.
  • Почнувајќи од 1997 година работел и во графичката техника, при што за одбележување е интересот и успехот што го постигнал со трите изложби на монотипии, од циклусот „Геопоетика“, одржани во Скопје, Белград и Куманово.
  • Од 2000 до 2002 бил член на уметничкиот совет на ДЛУМ. Бил ликовен педагог во клубот при Домот на културата „Кочо Рацин“, во период од 2001 -2002, како и куратор на првата групна изложба на ликовниот клуб, одржана во јули 2002 год.

Изложбата трае до 12 мај

Галерија МКЦ