Предавања на 3-ти и 4-ти март

По непланирано долга пауза, Скопско астрономско друштво повторно ве кани на серија предавања во Планетариумот во МКЦ, кои ќе се одржат на 3-ти и 4-ти март и тоа во два термини, од 19 и 20ч. На предавањата ќе може да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот предавач и член на астрономското друштво, Радан Митровиќ, ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

Централна улога има планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.


  • Предавањата се адаптирани за лица над 10 години. Предавањето со термин во четврток од 19 часот, ќе биде дополнително прилагодено за деца;
  • Согласно насоките за заштита од корона-вирусот, местата се ограничени на 30, а секој посетител задолжително треба да носи маска во текот на целото предавање;
  • Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната што гледа кон Македонската радиотелевизија. Билетите, кои се во строго ограничен број, може да ги набавите на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.

150,-

Планетариум МКЦ