Краток филм – македонска премиера
„Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ. Досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални селекции на престижни фестивали.
времетраење: 17′
земја: Македонија
режија: Мирослав Илиќ
играат: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак, Христина Цветаноска
Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.
- Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
- Влез само со набавени бесплатни е-билети