PORTRON PORTRON LOPEZ

Стотројка претставува: Концерт на Portron Portron Lopez!

Доаѓаат со пролетта, како неопходност. Пријателска клоца во газ.

Portron Portron Lopez се трио од Франција. Нивната музика е жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија. Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре. “Ice Scream Soufi” е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање.

Другарска поддршка: Јоана Ристеска и Тодор Караколев со заеднички настап.


  • Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли

бифе МКЦ