Полковникот птица

  • фестивалски стрим во живо

НУ Гостиварски театар (МКД)

Режисер: Andrej Cvetanovski

Времетраење: 100’
Јазик: македонски

www.asnomkultura.mk

Играат: Behreda Resit, Driton Ljazami, Kujtime Ahmeti, Marko Dojoski, Ajse Useini, Berat Mahmuti, Arian Ejupi, Elizabeta Klincarevska Mladenovska, Gjorgji Neskoski, Marija Kondovska

Текст: Hristo Boychev
Сценограф:
Sergej Svetozarev
Костимограф:
Sergej Svetozarev
Композитор:
Dimitar Andonovski


Текстот „Полковникот птица“ од Христо Бојчев е неговиот најуспешен текст, напишан во 1997 година, кој ја добива една од најголемите европски награди за драмски текстови, наградата на Британскиот совет. Дејствието на драмскиот текст зборува за една група ментално заболени луѓе, кои живеат во лудница, заборавени од Бога, и таму стигнува хуманитарна помош, која наместо да стигне во кризно подрачје, по грешка доаѓа до нив. Тоа ги охрабрува и тие се организираат да одат до Стразбур, да го изложат својот проблем. Во ова време кога се актуелни мигрантските кризи и премините преку граница, овој текст може да добие нов контекст, а во исто време да зборува за Балканот како вечен кандидат за Европа. „Полковникот птица“ е претстава за различни луѓе, кои со својата различност и возбуда за нови нешта треба да нѐ пленат сите. Нивната посветеност треба да нѐ учи колку е битно да се верува и да се постои во овој свет, колку и да е тешко. Целта на претставата е да ги разбереме нив, и кога ќе ги разбереме, да станеме подобри луѓе со тоа. Нивната лудост е само начин да се верува. Можеби идејата е утопистичка и идеалистичка, но тоа е и улогата на театарот.

НУ Гостиварски театар – најновата театарска институција кај нас. Ова е нивната трета претстава, прва на македонски јазик. По Охридско лето, сега и на МОТ. Им посакуваме многу претстави и меѓународни проекти.

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.

НУ Гостиварски театар