Поезис на себството

  • сцена: МКЦ, сала Фросина

Локомотива , Скопје (МКД)

Автори: Snjezana Premus, Rok Vevar

Времетраење: 60’
Јазик: англиски

www.lokomotiva.org.mk

Улоги: Snjezana Premus, Rok Vevar

Продукција: Federacija Institute Ljubljana
Копродукција: Bunker, Ljubljana
Текстови: Rok Vevar and Snjezana Premus
Фотографија: Marcandrea
Резиденција 2016: Tanzfabrik Berlin


Во рамките на своето творештво уметниците истражуваат и преиспитуваат низа ситуации, во кои неинвазивната активност на публиката и изведувачите е подложна на искуствени можности за претворање на телото во јазик и обратно на места каде што телото е секогаш веќе јазик, а јазикот е ресурс на телото.
Уметниците како почетна точка го користат грчкиот збор poíesis, кој постепено мигрирал во книжевното поле, за да заврши како ознака за уметноста на поезијата, означувал занаетчиство во класичната ера на грчката антика: производство што подразбира одредена вештина, умешност или technē.
Некој би можел да тврди дека нашето модерно секојдневие е предмет на суспензија на телото, полн со имунолошки стратегии, самозаштита и антивирусни програми: нашата протеза на капитализмот, која шета низ светот низ нашите биографии, треба да се десуспендира, трансформира – во тело. Нашите перцепции треба повторно да се активираат. Секако, поезата на себството нема намера да го спасува светот, но не сака да ги избегне неговите вистински проблеми.

Неконвенционален танцово-теориски настан што експериментално, информативно и метафорично ги претставува пред гледачот релациите помеѓу телото, просторот и физичките закони што управуваат со двете материјалности.

сала Фросина