- сцена: МКЦ, Клуб ресторан
Ракатрак (МКД)
режија: Dejan Spasovic
Времетраење: 105’
Јазик: македонски
Улоги: Biljana Dragicevic Projkovska, Slagjana Vujosevic, Nina Elsezer
По текст на: Edvard Olby, Gjoko Zdraveski, Elizabeta Bakovska
Сценограф: Martin Manev
Костимограф: Emilija Ivanoska Atanasovska

Подготвено е интердисциплинарен експериментален проект, кој ги обедини активностите од различни области на уметноста (театар, музички, визуелни уметности, музика, танц) и во исто време е интеракција на уметничките активности и други сфери (родови политики). Трите актерки се иста личност од различен период од нејзиниот живот, кои меѓусебно разговараат преку музика, танц и перформативен чин на подготовка на храната. Актерките го иницираат и дијалог со публиката која е директен и активен чинител во самата претстава, која дополнително ќе ги истражува мембраните меѓу животот и уметноста, помеѓу изведувачот и публиката, егзибиционизмот и воајеризмот.
Овој проект ги отелотворува овие три аспекти и ги носи на една маса, воспоставувајќи дијалог, кој се нурнува во нивните социјални, културни и родови елементи.
Преку интердисциплинарен пристап, „Под-готвено“ ги истражува маргините и тангенцијалните точки на животот и уметностите, како и камен-темелникот и слоевитата улога на жената во нив.