POCEKT PALMA (Загреб)
Pocket Palma e synth-pop трио од Загреб, кое го сочинуваат Лука Видовиќ, Ања Папа и Бруно Жабек.
Работат неуморно и за краток период издадоа два албума, кои одлично се прифатени од публиката, но и од критиката.
Pocket Palma можеме да ги сместиме некаде помеѓу Nipplepeople и Denis&Denis, и бендот ги има сите предиспозиции да го освои балканскиот музички етер со своите исклучително симпатични и привлечни песни што изобилуваат со заразен ретро synth-звук.
ТАМ (Белград)
Тамара Поповиќ a.k.a ТАМ, е кантавторка базирана во Белград.
Нејзината музика накратко би можела да се опише како андерграунд дрим-поп.
BLACKSTATE (Скопје)
Blackstate е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас.
Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот Новиот почеток, но и дел од проектите Astrolungs и Retro Cabaret.
Blackstate е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна.
Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како Blackstate е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа.