ПМГ КОЛЕКТИВ ОРКЕСТАР

ПМГ Колектив не е бенд. ПМГ Колектив е љубовно-музичка авантура, која вербализира некои приватни или универзални политики, кои живот значат за луѓето што го сочинуваат. ПМГ Колектив дефинитивно не е вашиот омилен бенд, всушност ПИЕМЏИ се бучни, весели, темпераментни и создаваат премногу содржина, ете 9 албуми, милион синглови, ремикси, музики за театар/филм и неколку компилации… Реално, ПИЕМЏИ се во најмала рака сомнителни.

Сепак нема ништо сомнително во фактот дека ПМГ Колектив го издаде својот GREATEST HITS албум, каде што се поместени најголемите хитови од последните 20 години. Имено, ‘Скопјанка’, ‘Манекенки’, ’80-ти’, ’90-ти’, ‘Сомнително лице’, ‘Луѓе од градови’, Ти си мојот свет’ итн. се несомнено хитови, но пред сѐ ПЕСНИ, кои го сублимираа, но и креираа духот на едно време: Скопје (Македонија) на почетокот на 21 век. Албумот може да се набави како двоен винил, или како даунлоуд:

Промотивниот концерт, со кој достојно ќе го одбележи ова капитално остварување, бендот ќе го отсвири во проширена форма и вистинска современа музичка атракција, под името ПМГ КОЛЕКТИВ ОРКЕСТАР:

  • Синиша Евтимов, гитара
  • Александар Гавровски, бас
  • Мирко Попов, вокал, Машина
  • Владан Дробиски, тромбон
  • Марија Каева, вокал, синтисајзер
  • Дино Милосављевиќ, тапани
  • Васко Бојаџиски, саксофон
  • Павел Дробицки, бас

Вратите ќе бидат отворени точно во 21 часот. Билетите можат да се набават на билетарницата на МКЦ, а првите 50 по екстремно другарска цена од 300 денари. Потоа билетот ќе чини 400, а вечерта на лице место 500 денари. Затоа побрзајте, набавете со време и имајте на ум дека бројот на билети е разумно ограничен. Повелете да креираме совршене меморија заедно.


300,- | 400,- | 500,-

сала 25 Мај