ПИШУВАМЕ, ЦРТАМЕ, ПАТУВАМЕ е проект замислен како серија креативни работилници на кои децата преку разни креативни игри, логички загатки и тематски задачи, ќе учат како се создаваат приказни, песнички, па дури и кратки драмски текстови за деца, и како тие да се искомбинираат со илустрација, колаж или друга техника.
Идејата на проектот е да се развие имагинацијата на деца преку креација во две заемно поврзани области – литературата, односно пишаниот збор и ликовната уметност, за да се добие еден целосен авторски производ.
Креирањето приказна од концепт, преку текст до нејзина целосна визуализација и добивање на целосно уметничко дело е главната цел на овие креативни работилници.
Секој час ќе биде различен од претходните, ќе се игра различна креативна игра или пак ќе се креира на различна тема, а децата ќе можат лесно да се вклучат во која било фаза од курсот.
Целна група: Деца од 9 до 12 години
Времетраење на проектот: Прво шестомесечје: март/мај 2020; второ шестомесечје: септември-ноември 2020;
Фреквенција: 1 час неделно (90 минути)
Локација: Детски креативен центар – МКЦ
Предавач: Билјана С. Црвенковска, писател и сценарист, едукатор во Детскиот креативен центар во МКЦ за креативно пишување и креација и имагинација;
– Читање книги за деца, приказни, песнички на македонски јазик
– Играње логички и креативни игри
– Играње игри на имагинација и креативно размислување
– Создавање усни приказни
– Визуелизирање на приказните со ликовни дела во повеќе техники
– Развивање на имагинација преку креација на приказна, цртеж, колаж
– Поттикнување на креативното размислување
– Подобрување и развивање на моторичките вештини
– Подобрување и развивање на усниот говор
– Подобрување и развивање на ликовните способности и визуелната перцепција
– Развој на логичките способности преку креативни игри
– Едукација и воспитување преку игра
– Развивање емпатија и чувство за етичност
– Поттикнување на тимски дух, заемна помош и дружење кај децата-учесници во проектот
На крајот на секое шестомесечје во Детскиот креативен центар во МКЦ ќе се организира изложба на делата создадени во текот на работилниците. На изложбата ќе бидат изложени сите ликовни дела, како и тетратки со напишани приказни и илустрации.
Целната група се деца од 9 до 12 години, а секоја работилница би вклучила оптимална бројка од 10 – 15 деца.