ПИШУВАМЕ, ЦРТАМЕ, ПАТУВАМЕ! е проект замислен како серија креативни работилници на кои децата преку разни креативни игри, логички загатки и тематски задачи, ќе учат како се создаваат приказни, песнички, па дури и кратки драмски текстови за деца, и како тие да се искомбинираат со илустрација, колаж или друга техника.
Идејата на проектот е да се развие имагинацијата на деца преку креација во две заемно поврзани области – литературата, односно пишаниот збор и ликовната уметност, за да се добие еден целосен авторски производ.
Креирањето приказна од концепт, преку текст, до нејзина целосна визуализација и добивање целосно уметничко дело е главната цел на овие креативни работилници.
Секој час ќе биде различен од претходните, ќе се игра различна креативна игра или пак ќе се креира на различна тема, а децата ќе можат лесно да се вклучат во која било фаза од курсот.
– Времетраење на проектот: Прво шестомесечје: март/мај 2020; второ шестомесечје: септември-ноември 2020;
– Фреквенција: 1 час неделно (90 минути)
– Предавач: Билјана С. Црвенковска, писател и сценарист, едукатор во Детскиот креативен центар во МКЦ за креативно пишување и креација и имагинација;
– Читање книги за деца, приказни, песнички на македонски јазик, развивање на имагинацијата и креирање ликовни дела врз основа на прочитаната приказна (илустрации, колажи);
– Играње логички и креативни игри, кои ќе резултираат со краен производ: напишана приказна и/или ликовно дело;
– Играње игри на имагинација и креативно размислување;
– Создавање раскази и песнички и нивно визуализирање на приказните со ликовни дела во повеќе техники;
– Создавање кратки драмски текстови, изработка на реквизити, со резултат изведба на секој од текстовите со изработените реквизити;
На крајот на секое шестомесечје во Детскиот креативен центар во МКЦ ќе се организира изложба на делата создадени во текот на работилниците. На изложбата ќе бидат изложени сите ликовни дела, како и тетратки со напишани приказни и илустрации.
Цели/ефекти на проектот:– Развивање на имагинацијата и креативното размислување преку креација на приказна, цртеж, колаж;
– Развивање љубов кон книгата и пишаниот збор;
– Поттикнување на креативното размислување
– Подобрување и развивање на јазичките способности, ликовните способности, говор, синтакса, визуелна перцепција;
– Подобрување и развивање на моторичките вештини;
– Развој на логичките способности преку креативни игри;
– Подобрување и развивање на усниот говор
– Подобрување и развивање на ликовните способности и визуелната перцепција
– Едукација и воспитување преку игра;
– Развивање емпатија и чувство за етичност;
– Поттикнување на тимскиот дух, заемна помош и дружење кај децата-учесници во проектот;
Целната група се деца од 9 до 12 години, а секоја работилница би вклучила оптимална бројка од 10 – 15 деца.
*Работилниците од второто шестмесечје се одвиваат онлајн
ДКЦ fb >