Во рамките на PIN2022 се очекуваат повеќе од 250 гости: едни од најрелевантните имиња во музичката индустрија (букери, промотери, новинари, агенти) и на најактуелните музички таленти од Европа, регионот и кај нас.
Во текот на трите фестивалски дена од 24 до 26 ноември, сите посетители ќе имаат шанса да ја проследат дневната панел-програма во кино Фросина, каде што ќе се дискутира на топ-теми во индустријата, трендови поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и влијанијата врз истата, а во текот на вечерните музички ‘шоукејс-настани’ се очекуваат концерти на повеќе од 50 музички артисти низ цело МКЦ!