ПЕЛАДА

Составени од вокалистот Крис Варгас и продуцентот Тобијас Рохман, Пелада се здобиваат со меѓународно признание благодарение на нивните енергични андерграунд рејв-настапи. Пелада ја користат музиката како механизам за вокализирање на идеите, кои се сржта на моралните и политички ставови на групата. Варгас експериментира со теми врзани со моќта, идентитетот, животната средина полеани врз сировиот микс од есид брејкбит бас-линии и ритми на Рохман.

Мистерија е тоа што еден канадски бенд сите свои песни ги пее на шпански јазик, но армијата нивни обожаватели изгледа знае зошто го прават тоа што го прават. Жестоките вокали на Крис Варгас се однесуваат на теми како што се сексуалниот идентитет (Варга се опишува себеси како небинарен), надзорот и климатската катастрофа.

Galatheia или Теа Шалдева е артистка и диџејка што работи и живее во Скопје. Во последниве 15-ина години се појавува во повеќе музички инкарнации, a во последнава година е една половина од Dj Magija заедно со Андреја Салпе, состав кој веќе брои неколку домашни и интернационални изданија. Под псевдонимот Galatheia продуцира музика од 2010 година и има неколку EP-а и еден албум, „Метропол“.

Забавата ќе ја започне уникатниот DJ-сет на Мариго.

Влезот е бесплатен

Плато МКЦ