MКЦ Скопје ви најавува концерт на еден нов бенд, кој доаѓа од вибрантната сцена од главниот град на Хрвастка, Загреб, еклектичното трио ПАРНЕПАР.
Вториот албум на загрепскиот бенд Парнепар отворено се осврнува на понеобичното наследство на екс-ју новиот бран (Шарло акробата, раниот Електрични оргазам, Добри Исак, Дисциплина кичме, Пекиншката патка…), но и покрај тоа успева да биде интересно и свежо.
Позајмувајќи ги препознатливите текстуални и инструментални мотиви од домашни и странски модели од крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, Парнепар успева да создаде свој, многу убедлив израз. И во однос на текстот и музиката, бендот се потпира на исклучително колажен пристап, кој постигнува чудност, но во неколку наврати и многу интимен исповеден/неисповеден впечаток.
Ритмите и гитарските делови се скршени на шилестиот, хипнотички начин на поапстрактен пост-панк или No wave.
Инструментите и деловите од композициите се судираат навидум произволно, но всушност ги придружуваат наративните вокали кои осцилираат од апсурдистички игри со зборови („Се Бастијан“, „Караоке Сатри“) до речиси кохерентни наративи („Човјек Просјек“, „Лука С Кварта“).
Како домашно засилување ќе настапат скопските Vagina Corporation.
Корпорација Вагина се алтернативен рок бенд од Скопје Македонија, инспирирани од ужасите на денешниот и минатиот свет, ја користат гласноста, која модерните гитарски појачала ги овозможуваат, а и бесот што душата во себе го носи, за да поттикнат луѓе да танцуваат и да бидат полути за светот во кој живееме.
Концертот е дел од LivEurope-програмата.