„ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим (Канада) е дел од циклусот претстави на авторот под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“.
актер: Јасмина Билаловиќ
композитор и музички изведувач: Златко Митрески
асистент на режија: Ивана Балабанова
сценографија: Мартин Манев и Симона Димковска
костими: Павел Маслов
Претставата е во 2 чина, од кои првиот чин ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот Женски Глас.
„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ покренува некои од тековните прашања:
– Кои се денес ќерките на Пандора?
– Што сториле ќерките со нивните наследени „подароци / наследство“?
– Што се сменило за овие 30 века од Хесиод наваму, во улогата/-ите на жените и женственоста во западните култура и општество?
– Кои се последиците од визијата на „Жената“, која древните ја оставиле за модерноста врз психата и на мажите и на жените?
– Кои се современите последици – со губењето на потхранувачките митови за античките богови и божици и вербата во поимот божественост – врз психата и на мажите и на жените во модерната култура, особено ефектите врз модерната перспектива на женственоста?
– Дали западната психа денес има потреба од исцелување и ако е така, како да се направи тоа?