Овде е добро се состои од серија настани, а овој е првиот. Извонредно популарните, сега веќе вистински ѕвезди на регионалната сцена, Artan Lili од Белград, Србија, ќе бидат специјални гости на овој настан и ќе отсвират целовечерен концерт.
Домашните Pluto’s Doubts, Muhamed Ibrahimi, MvrSvr и Blackstate ќе ја увеличат оваа фестивалска вечер со своите настапи. Извонредно квалитетен избор на бендови, па Овде сигурно ќе е добро.
Домашните Pluto’s Doubts, Muhamed Ibrahimi, MvrSvr и Blackstate ќе ја увеличат оваа фестивалска вечер со своите настапи. Извонредно квалитетен избор на бендови, па Овде сигурно ќе е добро.
Овде е добро е иницијатива/кампања, која има намера да поттикне дискусија, пред сѐ помеѓу младите, за нивниот ангажман во социјалниот, културниот, па и политички живот на земјава. Овде е добро има намера да се занимава со лоцирање на проблемите од кои произлегува популарното незадоволство, но главна тенденција е да се пронајдат начини за решавање на тие прашања.
Активно учество наспроти банално критизерство.
Активно учество наспроти банално критизерство.
Иницијатива наспроти очекување дека нешто ќе падне од небото само за тебе.
Самоорганизација и активна борба за задоволување на потребите, наместо очекување некој друг тоа да го стори за тебе.
Одговорно и реално инсталирање на демократските вредности на организациите и светот кон кој реално се стремиме.
Тоа е отприлика дирекцијата на Овде е добро.