Only Artists Left Alive

режија: Мартин Кочовски

продуцент: Борис Василески
драматургија: Стефан Миленков

„Only Artists Left Alive“ говори првенствено за моќта и способноста на актерот и сето она што актерската уметност може да му го пружи на човештвото со поставување на прашањето „Дали научивме нешто од сето ова?“.

Начинот на кој ова функционира е со склоп на повеќе сцени од разни автори и временски периоди, кои говорат за многу повеќе од обичните и секојдневни човекови проблеми. „Only Artists Left Alive“ патува низ времето, играјќи си со неговата хронологија, од самите почетоци на антиката, па сѐ до денешницата. Се наоѓаат клучните ‘извичници’ во драмската уметност преку кои актерот со векови се обидува да ‘удри шлаканица на будалата’ и да биде главниот катализатор во процесот на освестување и преобразба на човештвото.

Тематиката на ова дело не го ограничува да остане само за театарџиите и театарската публика. Претставата е далеку од нешто на кое големиот дел од публиката е навикната да го гледа на сцена. Во случај како овој, тоа е од голема полза особено во одност на тоа што е целта на претставата, каде и на што е ставен акцентот и која е пораката со која гледачот треба да го напушти гледалиштето.

Играат: Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Здравко Стојмиров и Марија Стефановска
Музика: Пеце Трајковски
Сценографија: Филип Јовановски
Костимографија: Марта Дојчиновска

Претставата е копродукција на независното здружение „Штрих“, Народен театар Битола и Младински културен центар – Скопје.

Закажани се две изведби на претставата – 17 и 18 октомври.

сала 25 Мај