„Обичната Ели“

Краткометражен филм – премиера

Сценарио и режија: Лавинија Софрониевска
Улоги: Изабела Новотни, Кирил Пенушлиски, Тамара Ристоска
Продукција: Минимал Скопје

Ели има само две обични карактеристики: таа работи како чувар во локалниот музеј и поседува златна рипка која и е единствениот другар.
Осаменоста на денешниот човек, живеењето во рамки и аквариуми и внатрешниот крик за слобода се главниот мотив на овој краток филм, но дали се и доволен мотив за Ели да замине заедно со рипката кон водата за која и двете мечтаат?


  • Настанот ќе се одржи со почитување на актуелните ковид-протоколи

сала Фросина