НЕЗО

Документарен филм | МК | 2020
Продукција: Time Lapse

Сценарио и режија: Мерита Чочоли-Сали

„Незо“ е документарен игран филм, кој се основа на вистинскиот расказ на медицинската сестра Љупка Сиљјанова Ципушева, која била ангажирана во Кампот за бегалци Стенковец, за време на конфликтот во Косово и бомбардирањата на Нато во 1999 година. Таа раскажува за Незо, момчето преведувач во кризниот период во кампот.
Незо е 16-годишно момче, кое познава пет странски јазици и работи како преведувач во кампот Стенковец. Филмот трага по овој млад непознат човек, кој поминувајќи ги границите во време на војна за да ја спаси неговата бремена сестра, гази на мина и го губи животот.

Продуцент: Ромир Јакупи
Директор на фотографија: Спартак Пападимитри
Снимател: Фејми Даут
Монтажа: Костадин Анастасов
Композитор: Самир Дургути

Играат: Фатон Ибрахими, Ајета Реџеповиќ, Мона Мустафа Зиба, Рефет Абази, Мерита Чочоли, Исмет Рамадани, Генти Тоска, Зарије Јонузи Челику

Закажани се две филмски проекции: 17 и 18 мај од 19:00

сала Фросина