- сцена: МНТ, мала сцена
Перипетија, МНТ, САРТР (МКД, БиХ)
Режија: Nina Nikolic
Времетраење: 70’
Јазик: македонски и босански
*Идејата на авторскиот тим е дека сродните јазици не само што се разбираат, туку и може рамноправно да се користат на сцената. Поради тоа, превод за оваа претстава не е достапен.
Автор: Adnan Lugonic
Улоги: Darja Rizova, Sasa Handzic, Dzana Dzanic
Костимограф: Ivana Karanfilovska Ugurovska
Сценограф: Angel Petrovski
Музика: Oliver Mitkovski (music adaptation), Dimitar Masevski (song “Magdalena”)
Соработник за македонски јазик: Gjorgji Jolevski
Инспициент: Vukica Aleksandrova
Фотограф: Deni Ingilizovski
Дизајн на плакат: Dimitar Dimitrov

Кога се создаваше текстот „Нема да биде крај на светот“ живеевме во еден сосема поинаков свет, обременет со проблеми наследувани низ генерации, со кои се имавме навикнато да живееме. Денес тој свет го нарекуваме нормален, иако малку од него тогаш можеше да се окарактеризира така. По промената што се случи изминатата година и пол на макроплан, логично е она од претходно да ни се чини како нормално. Флоскулата „крај на светот“ никогаш не била позастапена.
Оваа претстава се занимава токму со тоа, рушењето на интимните светови. Сите три лика под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат во пресрет…
Tекстот на младиот автор Аднан Лугониќ, потполно ве обзема и без никакви додатни ефекти, сосема разголено и потполно суштински, ве води низ ликовите на едно семејство.