МУЗИЧКИ БЛОК

Со огромно задоволство го најавуваме новото издание на нашата програмска активност „МУЗИЧКИ БЛОК“, на која презентираме музички ѕвезди на повидок од дома и од регионот. За ова издание „МУЗИЧКИ БЛОК“ имаме фино селектирани 5 изведувачи, кои ќе се претстават пред скопската публика на 5 ноември во МКЦ Скопје.
Билети по цена од 300 денари набавете на билетарница МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Настапуваат:

ИВА ЛОРЕНС (СРБ)
Ива Лоренс е кантавторка, која на домашната сцена се појави кон крајот на 2021 година и набрзо го привлече вниманието на публиката и позитивните критики со своите два сингла.
Лоренс е „ветување за нов, горд српски мејнстрим“, рече Драган Амброзиќ.
Младата поп-уметничка ги пишува своите песни заедно со леворакиот бој-бенд Буч Кесиди, продуцентот Милан Бјелица и Питер Пупиќ.
Нејзината музика носи елементи на електро-поп, а нежниот вокал на Ива ја красат и лебдат низ нејзината музика додавајќи длабочина на севкупните аранжмани и искрените текстови.
Првата песна на Ива „Свитање“ набрзо стана омилена на публиката, па дури и читателите на магазинот Облакодер ја прогласија за песна на 2021 година.
На почетокот на летото 2022 година, таа најави соработка со светскиот поп-пејач Џејсон Деруло, кој беше нејзин ментор во кампањата Туборг Опен и помогна да се создаде нејзиниот следен сингл „2 до 4“.
Деби-албумот на Ива Лоренс може да го очекуваме на крајот на есента, а дотогаш песните на албумот, кои со нетрпение се очекуваат во дигитално издание, ќе ги изведува во живо заедно со нејзиниот женски бенд.


YUS YUS (СРБ)
Yus Yus е аудиовизуелно дуо од Суботица, Србија, кое произлезе од заедничката љубов на нејзините членови за “minimal synth” музика.
Нивниот стил е ладна и строга форма со жешка референца за кабаре.
Од нивниот почеток во 2013 година, Yus Yus забележаа многу значајни настапи од Амстердам до Мадрид, од Темишвар до Будимпешта и насекаде низ земјите од поранешна Југославија. Во текот на изминатите години беа редовни гости во Виена и Белград, каде што настапија на многу фестивали и значајни места. За прв пат во Скопје.


СИЈЕНКЕ (ЦГ)
Сијенке е проектот на Марко Тодоровиќ од Котор и Радован Раичевиќ од Подгорица, кои моментално студираат во Белград. Нивното музичко патување започнува во средношколските денови, кога почнуваат да свират гитари и да создаваат музика на компјутер. Раичевиќ потоа се занимава со рап-музика и диџејство, додека Тодоровиќ компонира амбиентален и одреден вид, како што ја нарекува, инди-музика.
Во декември 2019 година, инспириран од музиката на бендови како што се ВИС Идоли, Свемирко и Мак де Марко, дојдоа до идеја да се испробаат во создавање музика во стилот на 80-тите години на минатиот век.
Ги здружуваат силите, ги формираат Сијенке и се впуштаат во нов музички потфат, пишувајќи песни и компонирајќи мелодии во кои брзите ритми исполнети со хармонични звуци на гитари и синтисајзери доаѓаат до израз.
Не знаејќи каде ќе ги одведе животот во текот на 2020 година, тие вредно работат на песни што ќе се најдат на нивниот деби-албум насловен „Из сијенке“, кој го претставува нивното појавување на музичката сцена, односно неочекувано пристигнување од никаде.
Инспириран прво од мрачното секојдневие, а подоцна од хаосот предизвикани од пандемијата и општата состојба на општеството, пеат за луѓе и настани од нивните сопствени животи.
Неодамна собрани како тројка составена од Тодоровиќ и Раичевиќ и Милан Поповиќ, планираат да освојат публика низ земјите населени со народите на jужните Словени.


АТА (МКД)
Ата започна како музички соло-проект создаден од Атанасија Гулевска во 2021 година со седиште во Скопје.
Атанасија (23) моментално е студент на Институтот за историја на уметност во Скопје и работи со полно работно време како дел од проект-менаџмент тимот во Пасворд продукција.
Досега Aта има два синглови на јутјуб и го објави третиот кон крајот на октомври оваа година (2022).
Првиот сингл Лакримариум беше премиерно пуштен на Радио Канал 103 во Скопје во октомври 2021 година и набргу по објавувањето на синглот на јутјуб.
Музичкото видео за Лакримариум е исто така самостојно продуцирано од Aта со помош на материјали без авторски права.
Албумот, кој треба да излезе до крајот на оваа година, има уште 4 необјавени нумери со вкупно 6 песни.
За крајната цел на овој проект, на Ата сега ѝ се придружуваат Марко Печеновиќ на гитара, Андреја Салпе на гитара и електроника, Огнен Златанов на виолина, вокал, звучни ефекти и Мартин Џорлев на гитара и звучни ефекти.


ЛТНЦ (БУГ)
Лутеница или скратено ЛТНЦ e пост-електро-фриџез-хоп-троп-трип-хоп артист, кој ни доаѓа од соседна Бугарија.
Зад ЛТНЦ се крие ултраталентираната, сестрана музичкарка Роберта Димана, која полека но сигурно го трасира патот кон успехот на балканската музичка сцена.
ЛТНЦ го отвара „МУЗИЧКИ БЛОК“ на 5.11.2022


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

сала 25 Мај