блок концерти во сала 25 мај (денсинг сала)
5 ноември (петок)
21:00
Ужасно интересн спој на традицинални вокални делници, невидено луди гитарски рифови и беспрекорно фасцинантен источномакедонски ритам и бит.
ОДРОН РИТУАЛ ОРКЕСТРА – ги селектираа за МЕНТ Љубљана, еден од најдобрите наши извозни продукти! По повеќе од една година повторно на сцена, а промовираат и нова плоча, издание на Скопје џез-фестивал.
3 JECT
3Ject е најновото превозно средство за сонично истражување возено од тројца уникатни инструменталисти од Скопје. Ова трио е логичен амалгам на три различни карактери, кои импровизираат во еднина што движи напред, без конкретни музички параметри.
6 ноември (сабота)
21:00
Роза е вагон во кој се среќаваат тројца.
Не странци, стари познаници впрочем… Дуле, Небојша и Стева.
Само што минатите децении патуваа на паралелните колосеци на хардкор, панк, постпанк, ноиз, а понекогаш и џез-музиката…
Трасите им се вкрстија кога VVhile и Mnjenje ги имаа заедничките турнеи.
Кога првиспоменатиот бенд престана да работи, беше тоа станицата на која бендовите се најдоа и се качија на истиот воз.
Роза е замислена како патување по Медитеранот додека се влечете по спорите, закчени, ископани градски улици… Лифт-музика во заморните чекални… Вино од тетрапак преточено во светкави и сјајни бокали… Документарни филмови за радикалните политички комуни во поствоена Германија… Тајни владини проекти поврзани со вонземјаните…
За прв пат во Скопје!!!
НЕМАЊА (Хрватска)
Фантастичен соник/фанк/диско-бенд од Хрватска.
Новиот албум им се вика „Космик диско“ и е музички одговор напишан од Лука Шипетиќ (човекот што е одговорен за проектот НЕМАЊА) на тибетанската книга на мртвите.
Шипетиќ многу фино ги опишува искуствата што се случуваат во интервалот меѓу смртта и новото раѓање опишани во книгата на мртвите.
Албумот го слави животот дискотеките во 70-тите и раните 80-ти години од минатиот век, кокетира и со кумбија-звукот, но и со југословенскиот фанк, афробитот и араб-диското зачинето со поп ориентирани текстови.
21 ВЕК (Македонија)
Хит-мајсторот Васко Атанасоски со својата верна екипа, Дени Крстев и Раде Јордановски, по долго време повторно во МКЦ Скопје.
Го промовираат својот последен албум „Си нацртав живот“ љубовно-исповедничка плоча, базирана на вистински настани… Аll killers, no fillers… Како што треба!
Влезница чини по 300 денари за секоја вечер. Бројот на билети е ограничен. Набавете си на билетарница МКЦ, побрзајте! Од кога се немаме видено во Дансинг сала
- Настаните ќе бидат организирани со строго почитување на актуелните ковид-протоколи