[MOT+] seguir moviendo

„Да се продолжи со движење“

кореографско дело на Дарио Барето Дамас

целиот овој текст постојано пропаѓа без надеж дека никогаш нема да пропадне: низ еден прилив на специфична сеедност, првобитна разноликост* да го помести теренот што те движи, запирајќи. сепак барокот се превртува и го превртува својот набор, туркајќи го до бесконечност, набор над набор.* тоа се случува веќе 12,6 милијарди години. многу добро оди со она што знаеш дека го знаеш. минливо и краткотрајно. неврзан номад изгубен во некаква нередуцирана одисеја… со бесцелно убедување дека секое движење нема да успее да најде дестинација, „добро читање“, валидна интерпретација.* замаглувајќи ги сопствените рабови. размислува, со слух. „ова ли е тоа?“, прашувам. повеќе или помалку, повеќе или помалку, двосмислена, нејасна работа. од тековно оформување, исчезнување, до распаѓање, до ѕвездена прашина (и обратно, наопаку и нарушено) (повторно). свесни за тоа што сè уште не е и што би можело да биде наскоро или што не може. во приближно 4,7533108 x 10-8 милениуми еден свиреж ќе го заземе просторот.

  • танцово дело на Дарио Бардам 
  • танц одигран од Дарио Бардам  
  • танц изведен од танцот на Ана Грип, Кристина Каприоли, Дебора Хеј и Липи Хернандез (меѓу многуте други)
  • танц музички поткрепен од Дарио Бардам и Цветан Момчилов
  • танц осмислен заедно со Гри Тингског 
  • танц осветлен од Карина Премер 
  • танц илустриран од Ѓорѓи Десподов 
  • танц секогаш придружуван од Александар Георгиев

Времетрање: 60 минути

[MOT+] COLD AIR ::: AN ODE TO FEMALE FANTASY / SEGUIR MOVIENDO

„seguir moviendo” („Да се продолжи со движење“) е чадор-наслов што го користат уметниците Сара Рејес, Карлота Мантекон и Дарио Бардам за да организираат низа заеднички афинитети развиени преку повеќе средби и разговори во последните две години. Оваа рамка предлага една посредувачка стратегија за навигација низ прашањето/проблемот „како размислува танцот?“ преку тело кое инсистира да се движи, сурфајќи меѓу неопходностите, случајностите, можностите и неможностите, тело кое инсистира на непознатото. Тројцата уметници предлагаат употреба на ист наслов за различни уметнички дела како обид да се отфрли неговото разбирање како индивидуално богатство/а и да се признаат колективните меѓусебни односи кои неизбежно ги обликуваат сите негови потенцијали. seguir moviendo може да се појави во облик на истражување, продукција, академска работа, лесно дружење, вежбање, тренинг сесија, танц во диско или читачки круг. Овие испади можеби немаат исти процеси, цели или естетика, но тие танцуваат во и околу заедничка основа.

сала 25 Мај