СКРИНСЕЈВЕР
Кореографско дело на Александар Георгиев
СКРИНСЕЈВЕР е дело развиено како дел од програмата УПИТ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) и програмата „Residentes“ на ТенерифеЛАВ – Лабораторија за живи уметности /TenerifeLAV – Tenerife Laboratorio de Artes Vivas/ (Шпанија) и изведено во соработка со Младинскиот културен центар и МОТ + програмата.
Драги, почестете не со вашето присуство токму тука и поканете ги сите во вашите спомени, во вашата имагинација, во вашите мечти, во приказните што почнуваат со „што ако“. Додека го правите, тоа бидете грациозно сигурни, но не и нужно мирни, најверојатно зафатени, но апсолутно воздигнати, забавувани од знаците на задоволството, кои се појавуваат кога ќе се заглавите во циклично движење кое нежно ви го ниша телото и органите. Или кога, со култивиранo продолжување и неговите невидливи, но опипливи траги од кои се подигнуваат цвеќиња, испраќате информации и податоци кои ја освојуваат просторијата, како да ве удира мирисот на розата додека шетате по вашата омилена улица.
Знаете, како што прават во филмовите, создаваат супермоќи со движења кои изгледаат прилично безосетни и бесмислени, но кинетички рафинирани и изведени без напор. Кога ќе успеат да направат да исчезне еден неизмерен универзум со едноставно меко замавнување на зглобот, безгрижно, глатко и величествено, како никогаш било вознемиремо тоа тело. Тоа е навистина храм на задоволството, истото чувство што го добивате кога сте на луда железница, кога вашето тело е повеќе од ваше тело, кога скриеното продолжение на вашите движења може да ги излечи сите наоколу.
Како кластер од тела кои се движат низ и во меѓусебните простори без преиспитување, како да го направиле тоа милијарда пати, како да е нивното чувство за дома, нивното чувство за основа, нивната стабилност. Удобен простор каде што нивните усти произведуваат плунка на ист начин како кога сте гладни, а вкусниот оброк создава чувство на пријатен огномет во вашите образи. Тела споени како гума за џвакање.
Вашите движења се таа гума за џвакање која преминува од густа напнатост до растегната мекост, која се заглавува во површините, создавајќи нови, редефинирајќи граници, обликувајќи се низ течни времиња, како кога се обидувате да слушнете мелодија под вода, издигната и недофатлива, речиси нереална, света. Драги, почувствувајте го задоволството на продолжување на вашиот прекрасен танц, не завршувајте го, немојте да изгорите, чувајте го ветувањето за вашето најдобро движење, најдобриот мирис, прекрасен вкус, не го остварувајте го, пропуштете го, отстранете ја носталгијата, како кога се обидувате да трчате во сон, но неизбежно сте бавни. Уживајте во задоволството на истрајноста. Тоа е како да ја знаете иднината, да поседувате иднина што не може да се случи без денешното неизвесно задоволство.
Кореографија: Александар Георгиев
Изведувачи и соработници: Карлота Мантекон, Реиналдо Рибеиро, Сара Рејес, Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас
Драматуршка поддршка: Хавиер Куевас
Музика: Цветан Момчилов
Гостински вокал: Драгана Заревска
Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов
Костими: Александар Георгиев, Катерина Тошева и Хектор Леон Леон
Времетраeње: 60 минути
