[MOT +] Cold Air ::: An ode to female fantasy

„Ладен воздух ::: Ода на женската фантазија“

кореографија и изведба на Александра Петрушевска

„Ладен воздух“ е ода на женската фантазија и покана да се доближиме до кревкиот и ранлив женски внатрешен свет.
Воздухот е невидлив, но кога е ладен, очите можат да го препознаат.
Со секој здив, го следам времето. Си шепотам, „сè уште сум жива.“

Тргнувајќи од внатрешна перспектива, кореографката и танчерка, Александра Петрушевска, ја води публиката на патување низ имагинарен пејзаж кој постојано се преобразува со движењата на изведувачот и погледот на гледачите. Рефрактивниот поглед ја поканува публиката да го набљудува огромниот внатрешен простор во телото на изведувачот и танците на различни внатрешни пејзажи создавајќи фантастична приказна. Играјќи со широк спектар на апсурди и апстракции, телото на изведувачот станува глетка на експериментирање и рефракција, домаќин на различни модалитети и расплетени слоеви на емоции до негово распрскување.
Наизглед менувајќи се помеѓу лик од видео игра и обична личност, телото што танцува постојано преговара за својата состојба на постоење.

Кореографија/изведба: Александра Петрушевска
Музика: Александар Гроздановски
Драматургија: Александра Петрушевска
Костим: панталони од Јована Филиповиќ
Менторство: Фрауке Хавеман, Диего Агуло, Кат Валастур
Времетраење: 45 минути


Ладен воздух ::: Ода на женската фантазија е дипломска работа на Александра Петрушевска, создадена како дел од Graduation Works BA HZT, 2022 година, а повторно работена во рамките на програмата Choreographic Body 2022 на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Фотографија на Хана Стојаковиќ. Посебна благодарност до Ник Хафнер, Сандра Уматум и Биљана Тануровска-Ќулавковски.


[MOT+] COLD AIR ::: AN ODE TO FEMALE FANTASY / SEGUIR MOVIENDO

сала 25 Мај