Мојот маж

  • сцена: Драмски театар

Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ)

Режисер: Jovana Tomic

Времетраење: 105’
Јазик: српски со македонски превод

www.jdp.rs

Улоги: Sanja Markovic, Jovana Belovic

Автор: Rumena Buzarovska
Драматург:
Dimitrije Kokanov
Костимограф:
Maja Mirkovic
Композитор:
Luka Mejdzor
Сценски говор:
Ljiljana Mrkic Popovic
Инспициент:
Marko Ajvaz


Јована Томиќ гради многу јасна, концизна и до крај чиста претстава. Во оваа режија има елементи на Бергман и на Вуди Ален во исто време.
Во претставата публиката е гостин, а двете жени се домаќинки. Во секоја смисла. И како домаќинки какo што се означени жените во некоја дехуманизирана првична асоцијација, но и домаќинки на настан што има за цел да ги отвори нивните проблеми. Повремено пиранделовски се наметнуваат тие рамки меѓу кои актерките оживуваат типови на „жени, мајки, кралици“ во најизлитениот облик на оваа исклучително деструктивна фраза, но во исто време ја гради таа кула од страсти, констернации и инсинуации во сложеното пулсирање на односот маж–жена.

„Всушност, шовинистите мразат жени, а фемистките не мразат мажи, туку едноставно не сакаат патријархат што ги третира како граѓани од втор ред“.

Р. Бужаровска

  • Купените онлајн-билети потребно е да ги замените со физички билети со нумерација на седиштата, пред почетокот на претставата во Драмски театар, Ве молиме дојдете порано.

Драмски театар