„МОДИЉАНИ“

Продукција: ПИК Продукција, Машина продакшн, Равен Сити продакшн, Младински културен центар МКЦ

„МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо.
Ова дело го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност.

Режисер и драматург: Сибел Абдиу

Улоги: Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге, Осман Али, Дин Ибрахим, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Стефанија Начевска

Кореограф: Александра Кочовска-Начева
Продуцент: Слободан Трајкоски
Визуелен уметник: Љуљзим Луиџи Бејта
Композитор: Лејла Бајрами
Сценограф: Ујза Жури
Костимограф: Диелза Минци
Монтажа на трејлер: Скофјан Бејта
Дизајн на светло: Љулзим Луиџи Бејта


  • Настанoт ќе бидe организирани со строго почитување на актуелните ковид-протоколи

Закажани се две изведби: 13 и 14 февруари од 20:00