Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е можност младите луѓе да придонесат во преговорите за климатските промени на меѓународно ниво. Самитот во Скопје, закажан за 20 октомври во МКЦ, претставува можност младите луѓе да водат дијалог со носителите на одлуки и меѓународната заедница, да разменат мислења и да ги искажат своите ставови за животната средина и климатските промени, како и да се поврзат со своите врсници од целата земја кои се посветени на заштита на животната средина и климатските промени. Преку самитот во Скопје, младите луѓе од нашата земја ќе придонесат кон градење на ставовите на младите, кои ќе бидат преточени во документ наречен „Младинска декларација за климатски промени“, кој ќе биде споделен со националните и глобалните лидери и носители на политики.
Ставовите од „младинска декларација за климатски промени“ ќе бидат пренесени и на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) од 1-ви до 12-ти ноември преку конференцијата за млади (UN Climate Conference of Youth – COY16) која се одржува од 28-30 октомври во Глазгов, Обединетото Кралство. Градењето на ставовите на Самитот во Скопје ќе се надоврзе на ставовите од младите кои произлегоа од настанот „Youth4Climate: Driving Аmbition“, кој се одржа во Милано, Италија.
Младинскиот самит за климатски промени во Скопје ќе се пренесува во живо на Фејсбук-страниците на МКЦ и УНИЦЕФ.
Поздравно обраќање:
Н.Е. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
Модератор: Огнен Јанески, новинар и активист
„Климатска акција и улогата на младите“
Н.Е. Андреа Силвестри, Амбасадор на Италија
Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, Амбасадорка на Шведска
Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање
Крешник Бектеши, министер за економија (се чека потврда)
Модератори: Петар Барлаковски, претставник на младите во ОН
Насер Велиу, МК претставник на младите во Милано, Италија
Краток осврт на главни заклучоци од настанот „Младите предводници на амбицијата“ од Милано, Италија.
Ангела Бушеска, МК претставник на младите во Милано, Италија
„Гласот на младите за климатски промени“
Патрициа ДиЏовани, претставник на канцеларијата на УНИЦЕФ
Н.Е. Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство
Мила Царовска, министерка за образование и наука
Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт
Модератори: Петар Барлаковски, претставник на младите во ОН
Ангела Бушеска, МК претставник на младите во Милано, Италијa
Младинскиот самит за климатски промени е иницијатива водена од младите луѓе, поддржана од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), и организирана во партнерство со Амбасадата на Италија како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.
- Настанот ќе биде организиран со строго почитување на актуелните ковид-протоколи