19:30 – „Јули” @ Џебно кино
20:00 – „Ехо на ехото на мојот град“ @ бифе МКЦ
20:00 – Јулија Маноловска @ Галерија 1
20:30 – Шизик на ризик @ Галерија 2
21:00 – Поетри слем @ Парк МКЦ
21:40 – Хајка @ Парк МКЦ
22:20 – Stoned Hedge @ Парк МКЦ
23:05 – Column Still @ Парк МКЦ
23:55 – Виножито проект @ Парк МКЦ
„Јули” – Краток филм на Сезер Салихи
‘Метин го слави роденденот, неговиот пријател Хасан го изненадува со торта. Тој се сеќава на неговиот трагичен, романтичен, весел и мистериозен роденден на 25 јули 1963 година. Еден ден пред земјотресот, кој уништи 80 проценти од градот Скопје’.
Актери: Анастас Тановски, Бајруш Мјаку, Сабина Мемиши, Ерман Шабан.
Продуцент, режисер и сценарист: Сезер Салихи
ДОП: Генц Халими
Монтажа: Благоја Неделковски
Дизајн на звук и Микс: Дарко Спасовски, Зоран Проданов.
Дизајн на сет и Сценограф: Енес Деари
Колор : Емре Карагоз
Музика : Енвер Мухамеди, Греса Броци, Дрен Сулдаши, Бисера Бејзер, Перија
Гафер: Иван Ѓоршев
VFX : Миран Бехлули
„Ехото на мојот град“ е краток филм на Борјан Стојков и претставува ретроспектива на постземјотресно Скопје.
„Пресоздавање“ – изложбата на Јулија Манојловска е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање, односно перцептивно раздвојување и повторно создавање.
Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи што го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото – сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.
Идејата за ваква инсталација е идеја на внатрешното чувство за репетитивно барање и лутање низ простор за истражување помеѓу објективната и субјективната реалност. Делото се обраќа на експресивноста на емоцијата на авторот конвертирана во идеја што создава сликата и инсталацијата т.е објектот.
ШИЗИК НА РИЗИК е македонски лајфстајл бренд. Роден во Скопје, брендот е наменет за смели дечки и девојки од улиците на овој или кој и да е друг град. ШИЗИК НА РИЗИК раскажува приказна за еден отворен град од едно безгрижно време и за еден дечко, кој никој не го видел али сите го знаат. Шизик на ризик е оригинален и смел. Тоа е наше дете од улиците на кои растеле и растат генерации.
Брендот ШИЗИК НА РИЗИК веќе 3 години креира премиум производи во лимитирани серии. Посебна серија на производи сочинуваат иконичните дизајни инспирирани од градот Скопје, кои во облик на модни парчиња и додатоци веќе подолго време со кјеф се носат по светските улици.
Сакате да искусите поинаков начин на забава и тоа со поезија?
Не сакате да бидете пасивна публика?
Ние изведуваме, вие навивате, свиркате, апаудирате, довикувате, гласате!
Заедно можеме земјата да ја тресеме со поезија!
Ние сме ПОЕТРИ СЛЕМ МАКЕДОНИЈА!
Настапуваат: Игор Трпчески – Трпче, Цветанка Колева, Марија Грубор, Горазд Китановски – Кени и Елена Пренџова
Хајка е скопски панк-рок бенд. Енергија, сирова енергија. Го сочинуваат Теодор Атанасовски, Александар Атанасовски, Бојан Таневски и Филип Лафазановски.
Имаат настапувано на Лузерфест кога ги запознавме, а неодамна го објавија својот прв албум „Антиталент“.
STONED HEDGE
Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани успејаа за само 4 месеци ( и тоа во сред корона-епидемија) да го создадат својот деби-албум и тоа во манир на веќе искусен бенд, небаре ова е нивната трета хит-плоча. Она што овие млади луѓе го направија во тој краток период е навистина за восхит, а тоа се големи и неверојатно мелодични песни, кои лесно ќе ве заведат со својата питкост и искреност и ќе ве однесат во светот и борбата на убавите, чесните и младите. Зборуваме за една борба со силен и невидлив противник, но Stoned Hedge во стил на искусни борци со неверојатна леснотија на сите нам ни покажаа дека со талент и чисто срце може да звучиш и изгледаш светски. Тука станува збор за светска класа на трагот на Guano Apes и Portishead. Во нивните песни може да најдете многу убави и неочекувани нешта како: прекрасни и меланхолични вокали, волшебни и ненаметливи гитари, сонливи и сугестивни бас делници, разбивачки и нежни тапани… И искрени зборови!!!
Тие креираа еден убав свет што повеќе нема да постои само во нивните срца и глави, туку благодарејќи на волшебните мелодии на насмеаните ежиња сите ние можеме да бидеме дел од нивната магија… И да, конечно да се опуштиме и да уживаме. Материјалот е снимен, миксан, мастеризиран и продуциран од Дени Крстев (Bernays Propaganda, My Tear) во Студио 1060 од јануари до март 2021. Слушајте ги песниве затоа што наскоро ќе сакате да ги запееете заедно со нив. Ќе сакате!!!
“In Tetovo was boring
So he started exploring
He could barely stay
But somehow he started a band
Playing through the bars with some good cigars
Haha cigars”
Column Still е нова група оформена во 2021, од музичари познати по својата работа со бендовите Fighting Windmills, Светлост, Shock Troopers, Палиндром, The Local Blue, Amplidyne Effect…
Свират музика со карактеристики на doom метал, drone, минимализам, слободен џез и електронска музика.
Нинослав Спировски [кларинет/саксофон], Кристијан Новковски [тапани], Драган Теодосиев [тапани], Мартин Георгиевски [гитара/електроника], Дени Омерагиќ [бас гитара/електроника]
Проектот Виножито претставува храбар експеримент, односно музички мозаик составен од различни етностилови.
Проектот со наслов „Обединети во музиката – Виножито“ во земја каде што заедно живеат: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи и други етникуми е вистински предизвик да се направи спој од сите и да се слушне како ќе звучи ваква музичка фузија составена од врвни професионални музичари.
Комбинацијата на музичари од повеќе етникуми што создаваат музика во Македонија до сега не е слушнат и ќе биде единствен од тој вид и сосема природно ќе произлезе нов, до сега неслушнат и квалитетен звук.
Репертоарот на групата ќе биде од песни што секој од членовите ги носи во својот генетски и фамилијарен код, се разбира обработени и ‘преоблечени во едно современо руво’.
Носител на проектот е Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на групата Суперхикс, кој со своите пријатели од различни етникуми, ќе се обидат да ги прикажат сите звуци што ги носи нашата држава.